АРУКО

Начало » НОВИНИ » КОНФЕРЕНЦИИ » конференция за античните схващания за душата в Скопие

конференция за античните схващания за душата в Скопие

Архив

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ВТОРА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Почитувани колешки и колеги,

ЗДРУЖЕНИЕТО НА КЛАСИЧНИ ФИЛОЛОЗИ „АНТИКА“,

ЗДРУЖЕНИЕТО ЗА КОМПАРАТИВНА КНИЖЕВНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

ЗККМ СКОПЈЕ, и ФИЛОЗОФСКОТО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА

во рамките на своите научни активности, ја организираат

ВТОРАТА МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА на тема:

ЗА ДУШАТА 1-3 јуни 2016 година (Скопје, Р. Македонија)

ЦЕЛ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА Конференцијата се организира со цел да ја поттикнува и одржува меѓусебната соработка и дијалог помеѓу специјалистите од хуманистичките науки, како и да ги збогати научните согледби во областа на книжевната наука, на компаративистиката, на класичната филологија, на филозофијата, на теологијата, на фолклорот, на антропологијата и на културолошките студии, во рамките на темата што е дадена како наслов.

ТЕМИ

Очекуваните прилози не се ограничени во однос на разните аспекти на темата и можат да се однесуваат на: 1. Лингвистички погледи за душата (етимолошки, семиотички дијалектолошки); 2. Дихотомија тело-душа и трихотомија ум-разум-душа; 3. Научно концептуализирање на душата: (когнитивна) невронаука и душата; теории за душата во современата психологија; 4. Концептот на психе во античката медицина; 5. Психотерапија (psychēs therapeîas) и психагогија (psychagōgia) во антиката; 6. Аксиолошки поглед за душата; (не)чиста душа; морално исчистување на душата; слобода и ропство; грев и доблест; 7. Митолошки, ритуални и симболички толкувања за душата во лингвистиката, литературата и културата; 8. Филозофски и религиозни толкувања за душата (божествената природа на душата, потеклото на душата, смртноста и бесмртноста на душата; душата и атеизмот, душата и христијанските ереси); 9. Когнитивни аспекти на душата (интуиција, самоспознание, свесно-несвесно, абјектност, субјект-објект); 10. Различни концепции за душата: анимизам, метемпсихоза, витализам, панпсихизам, хилеморфизам; концептот на светска душа (Anima mundi); 11. Антрополошки погледи за душата; 12. Наративни шеми за душата во фолклорните, историските и литературните текстови.

ПРИЈАВА И КОТИЗАЦИЈА

Пријавата за учество, со насловот на излагањето, и апстрактот (200 збора), можете да ја доставите до Организациониот одбор на Конференцијата, најдоцна до 1 април 2016 година, на следнава адреса: conference.onthe.soul@gmail.com.

За местото на одржување на Конференцијата, дополнително ќе бидете известени. За учество на научната конференција се плаќа котизација, која опфаќа:  Право за учество на научната конференција и презентирање на трудовите  Примероци на списанија од претходниот собир  Рецензирање и редактирање на трудовите  Обврска за печатење на трудовите кои ќе се презентираат, односно позитивно рецензираат  Кафе во текот на паузите на собирот

Висината на котизацијата е 30 евра за учесниците од странство, 20 евра за домашните учесници и 10 евра за студенти.

Висината на котизацијата се намалува за 50 % за оние кои ќе изберат да партиципираат само со праќање на текст за зборникот.

Текстовите од Конференцијата ќе бидат објавени во посебен зборник.

Учесниците од странство сами ќе ги сносат трошоците за престој во Скопје.

Лица за контакт: Марија Манасиевска.manasievskam@gmail.com,

Даниела Тошева: toshevadaniela@gmail.com Со почит,

Претседател на Организациониот одбор, Љупчо Митковски


Вашият коментар

Попълнете полетата по-долу или кликнете върху икона, за да влезете:

WordPress.com лого

В момента коментирате, използвайки вашия профил WordPress.com. Излизане /  Промяна )

Google photo

В момента коментирате, използвайки вашия профил Google. Излизане /  Промяна )

Twitter picture

В момента коментирате, използвайки вашия профил Twitter. Излизане /  Промяна )

Facebook photo

В момента коментирате, използвайки вашия профил Facebook. Излизане /  Промяна )

Connecting to %s

%d блогъра харесват това: